1,4K
Екипата на Валенсија денеска го отпушти тренерот Рубен Бараха, па така македонскиот голман Столе Димитриевски во наредниот период ќе добие нов тренер.
Неколку часа по отказот на Бараха се шпекулира и кој би можел следен да седне на клупата. Наводно фаворит е легендата на клубот Кике Санчез Флорес.
Првите контакти со него наводно веќе биле направени и во тимот на Димитриевски веруваат дека можат да го убедат да го преземе кормилото.
Како фудбалер Санчез во Валенсија помина десет години во период од 1984 до 1994 година, подоцна настапуваше и за Реал Мадрид.