Познат фаворитот за нов тренер на Рома

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Рома игра одлично под водство на Клаудио Раниери, но отворено е прашањето кој ќе ја предводи „волчицата“ наредната сезона.

Раниери пристигна само како привремено решение до крајот на сезонат,а потоа би требало да преземе директорска позиција.

Се појавија и шпекулации дека искусниот италијански стратег може да го смени мислењето и да остане на клупата и во наредната сезона, сепак засега е поблиску до својот првичен став.

Поради тоа во Рим ги разгледуваат опциите, а како фаворит се истакнува Џанпјеро Гасперини.

Гасперини најави дека би можел да ја напушти Аталанта на крајот на сезоната и во Рома го гледaat како идеална опција.

Спортскиот директор на Рома Флорент Гисолфи веќе имал средба со претставници на Гасперини и се разговарало за засилувања во летниот преоден рок каде што Рома е подготвена да му обезбеди соодветни засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани