Познат фаворитот за наследник на Раниери во Рома

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот стратег Сеск Фабрегас според последните информации може да биде наследникот на Клаудио Раниери кој најверојатно ќе ја води „волчицата“ до крајот на сезоната.

Раниери кој претходно објави пензија се врати во Рома за да помогне во тешката ситуација, но само привремено.

Фабрегас важи за еден од подобрите млади тренери, а посебно се истакна минатата сезона кога успеа да го внесе Комо во Серија А и сезонава не му оди толку лошо бидејќи се наоѓа на 13-тата позиција.

Италијанците истакнуваат дека главна предност на Фабрегас пред останатите е добрата работа со младите фудбалери што посебно им се допаѓа на луѓето во Рим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани