317
Познат е распоредот на натпревари за квалификациите во нашата група, Германците доаѓаат на празник, на 11 октомври наредната година.
Во мартовскиот циклус кога ќе одиграме три натпревари, најпрво на 25. гостуваме на Романија, три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн, а на 31. март одиме во Германија.
И во септемврискиот циклус имаме три натпревари, на 2. септември ја пречекуваме Ерменија, на 5ти му гостуваме на Исланд, а на 8ми ја пречекуваме Романија.
Во откомври имаме два дуели, на 8. гостуваме кај Лихтенштајн, а на 11ти во Скопје ја пречекуваме Германија.
Квалификациите ги завршуваме во ноември, на 11ти одиме во Ерменија, а на 14ти играме дома против Исланд.
