144
Двата тима имаа проблеми со повреди на клучни фудбалери но последните информации велат дека големи се шансите Серхио Бускетс и Раџа Наинголан да настапат на дуелот.
Според каталонски „Спорт“, Бускетс се вратил на тренинг со првиот тим и го одработел без никаков проблем по три недели пауза поради повреда на тетивата. Доколку медицинскиот тим даде зелено светло тој ќе настапи на Камп Ноу.
Што се однесува до Наинголан, „Газета дело Спорт“ пишува дека играчот од средниот ред имал полесен тренинг денеска и може да биде подготвен за мечот во среда и покрај изјавата на Еузебио Ди Фанческо дека повредата е лоша.