Преговорите за нов договор помеѓу Милан и голманот Мајк Мењон се целосно во застој и во моментов нема напредок околу продолжувањето на соработката.
Французинот уште во февруари имал договор во принцип со „росонерите“ за нова соработка до 2028 година со опција за уште една, вредна околу пет милиони евра по сезона плус бонуси. Сепак, управата на Милан подоцна ја преиспита понудата, особено поради тоа што Мањан во еден момент беше блиску до трансфер во Челси.
Двата клуба не успеаја да постигнат договор околу висината на обештетувањето, па по разговор со Масимилијано Алегри, Мењон реши да остане на „Сан Сиро“.
Како што стојат работите, неговиот актуелен договор истекува идното лето, а веќе од јануари ќе може слободно да преговара и да потпише преддоговор со кој било клуб. Преговорите моментално се запрени, меѓутоа не се исклучува и страните да пронајдат заеднички јазик.