Повредите на Азар не се случајни, поранешен соиграч открива дека Белгиецот обожава пици и хамбургери

by
1 минути читање

Минатото лето,
сонот на Белгиецот да го облече белиот дрес конечно се оствари, по долги
преговори и натегања, Реал Мадрид и Челси договорија трансфер од 100 милиони
евра, кој со бонуси може да се искачи и до 150 милиони евра.

Но првата сезона
на Еден Азар на Сантијаго Бернабеу е полна со проблеми. Тој на подготовките дојде
со десетина килограми плус, па се повреди пред стартот на сезоната и пропушти
еден месец. Потоа следуваше нова повреда, многу посериозна и пауза од три
месеци. Само што се врати, доживеа нов пех, фрактура во скочниот зглоб за која
ќе му требаат два или повеќе месеци да ја санира и веројатно сезоната за него е
завршена.

Лекарскиот тим на
„кралевите“ сега ќе треба да анализира зошто играчот одеднаш стана склон на
повреди, но сигурно нема да им се допадне една изјава на негов поранешен
соиграч.

Младиот Полјак,
Марсин Булка е прилично актуелен денеска откако на медиумите реши да им открие
сочни детали од соблекувалните на ПСЖ (неговиот сегашен клуб) и Челси (клубот
каде што настапуваше претходните три години). Тој открива дека Еден Азар не
може да одолее на џанк фуд.

„Азар обожава
пици и хамбургери, редовно го гледав во пицерии. Во Челси немаше мака, но во
Реал, особено сега со повредите, сигурно има проблеми. Веројатно има некое коло
повеќе и проблем со тежината“
– раскажува Булка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×