Барселона повторно е во центар на вниманието поради Ламине Јамал кој минатиот четврток бил во ноќен клуб заедно со блиски пријатели и неколку девојки. Шпанските медиуми пренесуваат дека нема ништо скандалозно во неговата вечер.
Новинарот Емилио Перез де Розас ги откри деталите и објави дека Јамал ги искористил слободните денови за да се релаксира. Тој резервирал приватна маса за своето друштво, а на влез гостите биле замолени да ги остават мобилните телефони со цел да се обезбеди поголема дискреција. Еден од вработените во клубот открил дека пристапот бил овозможен само за девојки.
И покрај реакциите на дел од јавноста кои сметаат дека не е најдобар момент за вакви активности додека се опоравува од повреда, сведоците потврдуваат дека сè поминало мирно. Забавата траела до пет часот наутро, а Јамал не консумирал алкохол и најголем дел од времето само слушал музика.
Младата ѕвезда на Барселона се рехабилитира по третман за болки во пределот на пабичната регија. Минатата сезона беше најдобар асистент во Ла Лига со петнаесет додавања, а во сезоната 2024 и 2025 имаше осумнаесет голови и дваесет и пет асистенции на педесет и пет настапи.