Повредата на Рафиња е сериозна, познато колку ќе паузира

by bojan
1 минути читање
Рафиња

Барселона доби лоши вести, повредата на Рафиња е сериозна и Бразилецот ќе паузира од четири до пет недели.

Пријателските натпревари повторно носат нови главоболки за Барселона, Ханси Флик ќе остане без Рафиња во важен дел од сезоната.

Офанзивниот фудбалер предвреме го заврши вчерашниот дуел помеѓу Бразил и Франција, а деталните тестови покажаа дека се работи за повреда на задната ложа на десната нога.

Со ваква прогноза, се очекува Рафиња да паузира помеѓу четири и пет недели и да се врати на терените на почетокот од мај.

Тоа значи дека тој ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид во Ла Лига, како и двете пресметки против популарните „колчонероси“ во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Бразилецот ќе го скокне и градското дерби против Еспањол, како и пресметките против Селта Виго и Хетафе.

Доколку се оди според план, би требало да биде подготвен за натпреварот со Осасуна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×