Манчестер
јунајтед бележи слаби резултати и изданија изминатиов период, притисокот врз
Оле Гунар Солшер расте од ден на ден, а Норвежанецот се соочува и со проблеми
околу повредите во својот состав.
Креаторот на
играта на „Црвените ѓаволи“ мака мачи со повредата на глезенот, а останува
дилемата колку Солшер ризикуваше со него откако го вметна во составот за
пресметката против Арсенал во понеделникот.
„По дискусиите
кои ги имавме со медицинскиот тим составен од специјалисти, утврдивме дека
Погба треба да има дополнителни третмани, како и одмор, да, се работи за
глезенот“ рече Солшер на вчерашната пресконференција во пресрет на денешното гостување
кај АЗ Алкмар во Лига Европа.
26 годишниот
Французин се повреди во ремито со Саутемптон во август, отсуствуваше на
репрезентативен план во дуелите со Албанија и Андора во квалификациите за ЕП
2020, како и дуелите со Лестер и Вест Хем во Премиерлигата.
Како и да е,
повредата на Погба може да биде и полоша од што се чинеше претходно, откако
селекторот на Франција, Дидје Дешам рече дека Погба би можел да отсуствува до
три седмици, а тоа се огромни проблеми за Солшер, кој веќе ги има Лук Шо,
Ентони Марсијал, како и Ван-Бисака на листата на повредени фудбалери, веројатно
е дека Шо ќе се врати уште претстојниов викенд, меѓутоа тоа е под знак
прашалник.