779
Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо поради повреда вчера предвреме го заврши натпреварот против Осасуна, одигра помалку од половина час.
Олмо даде гол од пенал во 21. минута, а седум минути подоцна поради повреда мораше да го напушти мечот.
Сепак, првичните информации од Каталонија се позитивни, повредата не е сериозна.
„Радио Каталуња“ информира дека Олмо би бил надвор од теренот околу две недели.
Ќе ги пропушти натпреварите против Атлетико Мадрид и Бетис, а би можел да биде во комбинација за дуелот со Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите. За првата средба би бил неизвесен, но за реваншот сигурно ќе биде подготвен.