Повредата на Марсијал го блокира трансферот на Санчез во Интер

by
1 минути читање

Токму денешниот
ден беше посочен како момент кога може и официјално да падне договор помеѓу
Манчестер јунајтед и Интер околу позајмицата на Алексис Санчез во тимот на „Нероаѕурите“,
барем така најавуваа повеќе медиуми од Италија, меѓутоа извесно е дека тоа нема
да се случи.

Постои големо
верување дека Манчестер јунајтед може да го блокира заминувањето на Чилеанецот
доколку кај Ентони Марсијал се утврди повреда од посериозен карактер, наведуваат
на Островот.

Марсијал иако ги
одигра сите 90 минути од мечот против Кристал Палас каде „Црвените ѓаволи“ претрпеа
пораз пред своја публика, на крајот при напуштањето на теренот
бил забележан како почувствувал болки во мускулатурата, а постојат стравувања во Премиерлигашот
дека Французинот се здобил со посериозна повреда.

„Гардијан“
предупредува дека Санчез на крајот може да остане на „Олд Трафорд“ за да ја
пополни испразнетата дупка која би ја оставил Марсијал со неговата можна
потешка повреда.

Денеска
продолжуваат преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Интер, па останува да
видиме во која насока истите ќе продолжат, во меѓувреме, „ЕСПН“ наведе дека во текот на оваа седмица Марсијал ќе биде подложен на медицински тестови, за да се утврди од каков карактер е неговата повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×