Повредата на Дибала не е сериозна, ќе игра против Барселона

by
1 минути читање

Пауло Дибала го повреди бутниот мускул на дуелот со Сампдорија, првично се стравуваше дека е нешто сериозно и фудбалерот може да се соочи со поголема пауза, но последните извештаи велат дека тој би можел да биде подготвен за следните предизвици на Јуве.

Дибала отпатува во Аргентина каде имаше тестови и од медицинскиот тим на репрезентацијата, но било утврдено дека нема да може да одговори на предизвикот и ќе се врати во Торино.

Дибала ќе ги пропушти натпреварите против Чиле и Боливија, а Јувентус се надева дека тоа ќе му даде доволно време за да се опорави за клупските обврски.

Пред Јувентус е дербито против Наполи, а тука се и дуелите од Лигата на шампионите против Барселона. Дибала е еден од клучните фудбалери на италијанскиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани