Повредата на Белингем не е наивна, паузата ќе биде многу подолга од планираното!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, доби нова главоболка во клучниот дел од сезоната. Вестите околу здравствената состојба на Џуд Белингем не се добри и паузата ќе биде подолга од очекуваното.

Играчот за врска се повреди во првото полувреме на дуелот со Рајо Ваљекано. Иако првичните најави од медицинскиот тим беа дека ќе отсуствува околу еден месец, закрепнувањето не оди според посакуваното темпо.

Последните информации велат дека Белингем би можел да биде надвор од терените уште околу два месеци, што значи дека враќањето се очекува дури на почетокот на април. Тоа автоматски носи сериозни проблеми за плановите на стручниот штаб.

Англискиот интернационалец сигурно ќе ги пропушти натпреварите од нокаут фазата во Лигата на шампионите против Бенфика, а под знак прашалник се става и неговото евентуално учество во следната рунда доколку мадридскиот гигант обезбеди пласман понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×