Повредата на Александер Арнолд не е наивна, ќе пропушти четири големи натпревари

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид попладнево откри дека Трент Александер Арнолд ја повредил задната ложа на левата нога, медиумите пренесуваат дека десниот бек ќе паузира помеѓу шест и осум недели.

Трент Александер Арнолд синоќа издржа само пет минути против Марсеј во Лигата на шампиони, а деталните тестови донесоа лоши вести за Чаби Алонсо и Реал Мадрид.

Англичанецот има повреда на задната ложа на левата нога, и како што пренесуваат медиумите, десниот бек ќе паузира помеѓу шест и осум недели.

Со ваква прогноза, тој ќе пропушти четири големи натпревари, односно градското дерби против Атлетико Мадрид, пресметката против Барселона во „Ел Класико“, дуелот со Јувентус во Лигата на шампиони, како и мечот со Ливерпул.

Постојат шанси тој да биде фит за враќањето на Енфилд, многу работи ќе зависат од прогресот кој ќе го забележи, но и од желбата на „кралевите“ да ризикуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×