140
Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми синоќа пред крајот на првото полувреме го напушти мечот против Омонија поради повреда на бутниот мускул.
„За разлика од Лука Иванушец кој иако доби удар во гради и остана без воздух е добро, кај Адеми тој удар е доста болен. Настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам, но се надевам дека сѐ ќе биде во ред“, изјави тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Откако ќе бидат направени деталните прегледи ќе се знае тежината на повредата и кога следен пат Динамо Загреб ќе може да смета на својот капитен.