138
Динамо Загреб со 2-0 ја совлада Омонија, но го загуби својот капитен, Адеми пред крајот на првото полувреме поради повреда мораше да го напушти теренот.
Денешните информации од Хрватска велат дека прогнозите не се добри, Адеми би можел да паузира и до три месеци, а тоа ќе значи дека ги пропушта мечевите на Македонија во септември против Ерменија, Исланд и Романија, а би можел и оние во октомври против Лихтенштајн и Германија.
Адеми во четврток ќе оди на дополнителни прегледи по што точно ќе се знае неговата дијагноза и колку долго ќе му треба за да се опорави.