Повреда не била причината: Анчелоти откри зошто не го повикал Нејмар

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот селектор, Карло Анчелоти на прес-конференцијата пред нтпреварите со Чиле и Боливија зборуваше и за одлуката Нејмар да не биде на списокот на повикани фудбалери.

„Кариоките“ веќе обезбедија место на Мундијалот, а според зборовите на италијанскиот тренер, Нејмар во овој момент не е доволно подготвен за да го носи дресот на Бразил, потврдувајќи дека не станува збор за повреда.

„Тоа е моја и техничка одлука, не е диктирана од физички проблеми на фудбалерот. Никој не може да го оспори неговиот талент, но сега ја проценуваме неговата моментална форма и формата на останатите фудбалери. Конкуренцијата е навистина голема, има најмалку 70 фудбалери кои можат да се борат за своето место во репрезентацијата. Секогаш најважни се резултатите, Бразил не освоил Светско првенство 24 години и тоа е долг период за земја со ваква фудбалска традиција. Одговорноста, но и мотивацијата се огромни“, изјави Анчелоти.

Бразил во овој циклус на 9 септември ќе игра со Чиле, а на 14 против Боливија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×