„Повеќе од десет години сонуваме за Меси во Интер… можеби сега е прав момент за ваков трансфер“

by
1 минути читање

Лео Меси беше
желба на поранешниот сопственик и прв човек на Интер, Масимо Морати а од сонот
Аргентинецот да го облече „црно-синиот“ дрес не се откажува и Марко Тронкети Провера,
прв човек на Пирели, компанијата која е долгогодишен спонзор на клубот од
Џузепе Меаца.

„Повеќе од десет
години сонуваме за Меси во Интер… можеби сега е прав момент за ваков трансфер“

– изјави Провера во разговор со Гр Парламенто.

Mарко Тронкети
Провера зборуваше за Лео Меси и пред некоја година, односно по трансферот на Кристијано
Роналдо во Јувентус. Тој тогаш ги повика соспствениците од Кина да го одврзат
ќесето и на преселбата на ЦР7 во Торино да одговорот со ангажмана на Лео Меси.

Неодамна, Интер
беше посочен како еден од четирите клубови кои внимателно ја следат ситуацијата
на Аргентинецот и се подготвени да реагираат доколку тој реши да замине од Камп
Ноу.

Лео Меси има
опција во јуни да го раскине договорот со Барселона и како слободен играч да го напушти клубот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×