Потврдена затворската казна на Меси

by
1 минути читање

Шпанскиот врховен
суд ја потврди одлуката на Судот во Барселона, по која фудбалерот на
каталонскиот гигант, Аргентинецот Лионел Меси се соочува со казна затвор од 21
месец поради затајување на данок.

Со тоа одбиени се
сите жалби на Меси на пресудата од ланската година, додека на неговиот татко
Хорхе му е намалена казната на 15 месеци, откако и двајцата се обвинети дека
затаиле данок од 4,1 милион евра во текот на маркетингшки активности помеѓу
2007. и 2009. година.

Сепак, според шпанските
закони, доколку претходно немале слични прекршоци, истовремено доколку казната
е под две години можат да избегнат затворска казна.

Според
информациите кои пристигаат од Шпанија, адвокатскиот тим на Меси подготвува
жалба и на оваа одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани