Вест Хем попладнево се раздели со тренерот Хулен Лопетеги, „чеканите“ порачаа дека остварените резултати не се во склоп со амбициите и целите поставени пред почетокот на сезоната.
По двата тешки порази од Ливерпул и Манчестер Сити, Вест Хем реши да му врачи отказ на Хулен Лопетеги.
Поранешниот предводник на Шпанија и Реал Мадрид, пристигна во Лондон минатото лето, потроши околу 130 милиони фунти на засилувања, но донесе само 6 победи на 20 натпревари.
„Вест Хем може да потврди дека се раздели со тренерот Хулен Лопетеги. Првиот дел од сезоната 2024/25 не е во склоп со амбициите на клубот па затоа повлековме чекор“ – гласеше известувањето на клубот од Лондон.
Се очекува „чеканите“ во скоро време да го потврдат Грем Потер за нов тренер, Англичанецот е без ангажман по отказот кој го доби од Челси во април 2023 година.