Добрата атмосфера
во репрезентацијата на „Коцкастите“ по победата над Нигерија во воведниот
натпревар на Светското првенство е нарушена по само 24 часа. Како што пишуваат
медиумите од Хрватска, селекторот Златко Далиќ го избркал Никола Калиниќ.
Причина за
ваквиот потрес во составот на Хрватска е тоа што напаѓачот не сакал да влезе во игра наместо Марио Манџукиќ. Замената дојде во финишот на мечот, поточно во 86. минута. Никола Калиниќ сметал
дека тоа му е понижување, па откако одбил да го облече дресот, на теренот истрча Марко Пјаца.
Златко Далиќ не
сака да се случи нов ваков инцидент во иднина, па му наредил на фудбалерот на
Милан да си ги спакува куферите и да се врати дома.
Во моментов нема
официјална потврда, но се очекува предводникот на Хрватска подоцна во денот да
се појави пред медиумите и се да расчиси.