35
Фудбалерот на Интер Мајами и добар пријател на Лео Меси, Родриго Де Пол предизвика многу реакции со неговата изјава во која ги спореди МЛС и европската лига на шампиони.
Де Пол со Интер Мајами триумфираше во МЛС, а иако нема трофеј во Лигата на шампионите, вели дека потешко е да се освои американската лига.
„Мислам дека е потешко да се освои МЛС , отколку Лигата на шампиони. Природата на турнирот дава посебна тежина и предизвици на тимовите. Можеби изгледа чудно, но системот во МЛС е навистина тежок“, објасни Аргентинецот.
Оваа негова изјава предизвика многу коментари и потсмев на социјалните мрежи.