Потегот во последен момент на Агуеро кој му го спасил животот

by
1 минути читање

Кун Агуеро во четвртокот навечер доживеа сообраќајна незгода во Холандија. Аргентинецот решил слободниот ден да го искористи за посета на Амстрадам и концертот на колумбискиот изведувач Малума.

На пат кон аеродромот, таксито со кое патувал се заби во столб.

Напаѓачот заработи скршено ребро и се очекува да паузира од две до четири недели, но повредите можеле да бидат многу потешки.

Таткото на Кун Агуеро сега открива како еден потег во последен момент веројатно му го спасил животот на голгетерот.

„Според Серхио, таксито возело пребрзо. Му кажал на возачот да забави и дури ставил појас. Кога побарал да биде намалена брзината, возачот само одговори со „ОК“. Потоа излетал од патот и удрил во столбот. Кун имал среќа бидејќи таксистот возел брзо“ – вели татктко на Агуеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани