Веќе се чувствува
отсуството на Стефан Ристовски во шампионот на Хрватска, Ријека, која претрпе
нов пораз во тамошното првенство и тоа на домашен терен од ривалот Динамо
Загреб со 0-2, во петтото коло, откако во претходно, на гости загуби кај Осијек
на Ејупи.
Во 41. минута нашиот
дефанзивец од редовите на домаќините, Леонард Жута играше со рака во казнениот
простор, при што главниот арбитар на мечот воопшто не се двоумеше да покаже на
белата точка.
Потегот на Жута за момент предизвика дилема околу тоа дали е навистина пенал, но од снимките може да се утврди дека главниот арбитар воопшто не погрешил со одлуката.
По ова, Фернандес погоди од белата точка и ги постави конечните
0-2 од дербито во Хрватска.
Нашиот дефанзивец
ги одигра сите 90 минути од средбата.