Потег за почит: Манчестер јунајтед прави место на Олд Трафорд за 300 фанови инвалиди

by
2 минути читање

По консултации со Комисијата за Еднаквост и Човечки Права и Асоцијацијата на фанови инвалиди на Манчестер јунајтед, клубот соопшти дека ќе направи промени на Олд Трафрод.

2600 навивачи со сезонски билети ќе бидат преместени со цел да се овозможи место за уште 300 фанови инвалиди да ги следат натпреварите на Манчестер јунајтед во живо. Промената треба да биде направена пред почетокот на следната сезона.

„Олд Трафорд е дом на сите фанови на Јунајтед и овие промени ќе помогнат за повеќе наши верни фанови кои се инвалиди да дојдат на натпреварите и да ги гледаат нивните херои“ – вели директорот Ричард Арнолд.

„Знаеме дека промените ќе имаат ефект на дел од сопствениците на сезонски билети кои со децении ги имаат тие места и сега треба да ги жртвуваат. Но знам дека најголем дел од нив ќе имаат разбирање и ќе го поддржат нашиот проект“.

Задоволство од потегот на Манчестер јунајтед изрази секретарот на Асоцијацијата на фанови инвалиди на Манчестер јунајтед, Час Бенкс.

„Горд сум дека клубот кој го поддржувам од првиот пат кога дојдов на Олд Трафрод како мало дете во 1957 година, е водечки во идејата за зголемување на бројот на седишта за инвалиди“ – изјави Бенкс.

100 од 300. нови места за инвалиди ќе бидат за натпреварите од Премиерлигата, а целиот капацитет ќе биде користен само за пријателски и куп натпреварувања.

Сегашниот изглед на трибините со местата за инвалиди:

Како ќе изгледаат трибините откако ќе биде завршен проектот за зголемување на местата за инвалиди:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани