Потег за почит, фудбалер на Барса веднаш истрчал на улица да им помогне на повредените во терористичкиот напад на Рамбла

by
1 минути читање

Минатата недела
Барселона беше мета на терористички напад во кој 13 лица го загубија животот а
уште стотина беа повредени.

Медиумите од
Каталонија сега пишуваат за потегот на Лука Дињ кој заслужува почит.

Левиот бек на
Барса живее над Плаца де Каталуња, во близина на Рамбла каде се случи
нападот.

РАК 1 пренесува
дека Лука Дињ кога ги слушнал врисоците и дознал што се случува, без никаков
страв веднаш истрчал на улица и бил еден од првите кој пристигнал на местото на
настанот и правел се што можел за да им помогне на повредените.

Тој делел вода и прекривки
и пружал прва помош се додека безбедносните служби не ги принудиле волонтерите
да го напуштат местото бидејќи заканата од терористите не била расчистена.

Лука Дињ сепак не
сака да говори за неговото дело од почит кон жртвите и нивните семејства.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани