Потег кој ја воодушеви цела Британија, малиот Бредли со најдобриот пријател Дефо ја предводеа Англија на Вембли (ФОТО)

by
1 минути читање

Џермејн Дефо по
три и пол години се врати во дресот на Англија, и за маскота го одбра неговиот
најдобар пријател, пет годишниот фан на Сандерленд, Бредли.

Малото момче боледува
од ретка и фатална форма на рак па неговото семејство се обидува Бредли да
искуси што е можно повеќе среќни спомени.

И покрај тоа што
капитените се тие кои ги предводат играчите на терен, „Трите Лава“ денеска
направија исклучок и први на Вембли зачекорија Дефо и Бредли, потег кој ја
воодушеви цела Британија.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани