Постои сценарио кое Лионел Меси барем привремено може да го врати во Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Постои сценарио според кое Лионел Меси би се вратил во Барселона, барем привремено. Ако пред некое време тоа беа само гласини и празни најави, постои реална шанса следната година Аргентинецот пак да заигра во Каталонија.

Моменталниот договор на Меси со Интер Мајами трае до крајот на 2025 година, односно до крајот на сезоната во САД. Се најавува дека истиот ќе биде продолжен барем на уште една, до крајот на 2026 година.

Доколку тоа се случи, Меси како играч кој втора година е дел од еден клуб во МЛС ќе стекне право да биде позајмен во друга средина. Тоа би можела да го искористи Барселона за привремено да ги израдува навивачите, но и да направи голем „бум“.

Имено, кога Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами ќе има можност од ноември 2025 до февруари 2026 да биде позајмуван, а тоа сака да го искористи Барселона. Причината за слободниот период е различноста на сезоните во САД и Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани