214
Барселона има минимално водство над Олимпијакос во
третото коло од групата „Д“ во Лигата на шампионите, и тоа со автоголот на
Николау во 18. минута, но Каталонците за момент си ја искомпликуваа ситуацијата.
Пике најнапред во 11. минута доби опомена во жолт картон,
а во 42. минута доби и втор жолт картон, и тоа ни помалку ни повеќе, туку
поради постигнат гол со рака.
Дефанзивецот на Каталонците по поништувањето на голот
приговараше на одлуката, но залудно, останува дилемата дали имаше намера кај него за тој потег, или не…