Медиумите од „островото“ пишуваат дека Анге Постекоглу е под сериозен притисок поради слабите партии и резултати на Нотингем Форест, па може да заработи отказ веќе по натпреварот во недела против Њукасл.
Анге Постекоглу на крајот од минатата сезона доби изненадувачки отказ од Тотнем откако ги предводеше „спарси“ до првиот трофеј по 17 години и обезбеден настап во Лигата на шампиони.
Стратегот брзо му се врати на фудбалот и на почетокот од септември го презеде кормилото на Нотингем Форест.
Но тој сега може да го добие најбрзиот отказ во историјата на Премиерлигата откако не донесе напредок во играта и резултатите.
На шест меча во сите конкуренции, Анге Постекоглу нема ниту една победа, па натпреварот против Њукасл во недела може да му пресуди.
Неколку извори пренесуваат дека уште една бледа партија и загубен меч можат да го принудат сопствениот Евангеос Маринакис да му „удри“ клоца на Анге Постекоглу по нешто помалку од 30 дена.
Во моментов, најбрз отказ во Премиерлигата е оној на Лес Рид, кој седеше на клупата на Чарлтон само 40 дена во сезоната 2006/2007.
ФОТО: X/Nottingham Forest