Постекоглу лошо тргна на клупата на Нотингем форест, исфрлен е од второлигаш во Лига Купот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Два порази на првите два меча на Нотингем форест под водство на Анже Постекоглу, стратегот ќе има многу работа за да почне да испорачува резултати.

И покрај добрите резултати, грчкиот газда на Нотингем форест реши да му врачи отказ на Нуњо Еспирито Санто и на негово место да го назначи Анже Постекоглу, но работите не одат најдобро.

Синоќа Свонси со 3-2 го победи Нотингем форест кој имаше водство од 2-0 по првото полувреме, но успеа да го прокоцка.

Мечот беше вистинска драма бидејќи Нотингем водеше до 93. минута со 3-1, тогаш најпрво Свонси израмни, па во 97. минута постигна гол за победа.

Нотингем форест е елиминиран од Лига Купот на Англија, а следниот предизвик за Постекоглу ќе биде мечот против Барнли на гостински терен во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×