Постекоглу: Ако сè беше регуларно ќе го победевме Њукасл!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Тотнем загуби на домашен терен против Њукасл (1-2), а натпреварот го одбележа спорен момент.

Њукасл дојде до израмнување откако украдената топка дојде по игра со рака на Жоелинтон. Потоа тој додаде до Гимараеш, а на крајот акцијата во гол ја претвори Гордон.

По натпреварот своето незадоволство не го криеше тренерот Анге Постекоглу кој не сакаше директно, ама индиректно кажа сè што требаше за судењето.

Навистина сум лут, мислам дека никогаш досега не сум бил вака лут во кариерата. Одигравме фантастично, меѓутоа останавме со празни раце. Капа до под за моите фудбалери. Знам што посакувате сите да кажам. Сепак, само ќе го искоментирам ова. На било кој друг ден, во фер услови и сè беше регуларно – ќе победевме“, изјави Постекоглу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани