Постарите играчи на Јуве држеле предавања по поразот од Галата: Со ваква игра, нема да се пласираме во ЛШ

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека фудбалерите на Јувентус имале состанок по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, постарите играчи порачале дека треба да се престане да се бараат изговори.

„Старата дама“ доживеа висок пораз во вторникот на гостувањето во Истанбул, загуби со 5-2 против Галатасарај и го чека тешка задача на реваншот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Како што пренесува Тутоспорт, поразот оставил длабока трага врз Јувентус, па фудбалерите одржале состанок во тренинг центарот и си кажале некои работи „очи во очи“.

Весникот вели дека поискусните играчи биле тие кои го имале главниот збор и порачале дека треба да се престане да се бараат изговори како повреди и замор.

Пораката била јасна и сурова: „Ако играме како во второто полувреме во Истанбул, нема да се пласираме во Лигата на шампиони следната сезона. Мораме да се разбудиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×