Последните разговори на Роналдо со челниците на Реал Мадрид ги решаваат сите дилеми околу Португалецот, познати се деталите

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Марка“, се вели дека првата ѕвезда на европскиот
првак, Португалецот Кристијано Роналдо наводно веќе ја донел одлуката околу
неговата иднина во Реал Мадрид, тема за која се крена голема прашина во
фудбалска Европа.

Познато е дека
откако беше покренато обвинение против Роналдо за затајување на данок во износ
од 14,7 милиони евра, медиумите во Португалија пренесоа сензационална вест
минатиот месец, која велеше дека Роналдо одлучил да не игра повеќе во Шпанија.

Она што е
интересно, барем кога станува збор за информациите кои излегуваа низ тамошните
медиуми изминатиов период, неофицијално Роналдо наводно веќе имал и првични
контакти со раководството на Реал Мадрид по репрезентативните обврски, на што
тој признал дека на вечера со своите колеги од репрезентацијата го пренел
разочарувањето од ситуацијата во која се нашол во Шпанија, но демантирал дека
некогаш и некаде изразил желба да го напушти тимот.

„Марка“ денес
пренесува дека Роналдо во најновиот разговор со челниците на клубот истакнал
дека тој нема никакви дилеми околу тоа дали сака да остане во Реал Мадрид, па
така на некој начин полека но сигурно се спушта топката во Шпанија во однос на
оваа тема.

Португалецот подолг
период беше преселуван во неколку клубови низ Европа, се шпекулираше дека ПСЖ
богато ќе го плати неговиот договор, воедно во игра беше и враќање во тимот на
Манчестер јунајтед, но по последните информации се чини дека Роналдо нема
намера да го напушти Реал Мадрид, барем не во блиска иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани