„Кралевите“
извонредно ја започнаа новата сезона со победа над Манчестер јунајтед во Скопје
во Суперкупот на Европа, а потоа ја „преслушаа“ Барселона во Суперкупот на
Шпанија.
Но избраниците на
Зинедин Зидан потоа како да застанаа и бележат очајни резултати во Ла Лига, а не
се ништо подобри и во Лигата на шампионите.
Вина за ова
веројатно сносат напаѓачите, Кристијано Роналдо и Карим Бензема се во
голгетерска криза, особено кога играат пред своите навивачи.
Французинот во Ла
Лига за последен пат погоди на Сантијаго Бернабеу пред 217 денови, поточно на
дуелот со Алавес на 2. април. Тој го отвори резултатот на асистенција на
Карвахал во средба која „Кралевите“ славеа со 3-0.
ЦР7 пак последен
пат се радуваше на гол на Сантијаго Бернабеу на 14. мај, кога Реал ја доби
Севиља со 4-1. На оваа средба, Португалецот беше двоен стрелец.
Последен пат кога
и Бензема и Роналдо погодиле гол на ист натпревар пред своите фанови е дуелот со
Гранада во јануари.