188
Селекторот Благоја Милевски по денешната прес-конференција го одржа и официјалниот тренинг со репрезентацијата пред утрешниот квалификациски меч против Лихтенштајн за пласман на Мундијалот.
Македонија одлично го започна циклусот и по четири кола имаме две победи и две ремија, со вкупно осум бода кои сме на втората позиција на табелата. Лидер е Велс со 10, Белгија со натпревар помалку има седум, Казахстан е на три, а Лихтенштајн е последен без освоен бод.
Иако ривалот важи за аутсајдер, Милевски беше дециден дека нема простор за потценување.
Средбата на Националната арена е закажана за утре со почеток од 18:00 часот.