Веќе пишувавме за
тоа дека едната од неколкуте опции за нападот на Милан веќе е со една нога во ПСЖ, познато е дека Пјер-Емерик Обамејанг веќе купил вила во елитно населено место во Париз, додека пак се чини дека прв најсериозен претендент за потписот на Алваро Мората е Манчестер Јунајтед.
Со тоа на Милан
му избегаа две од трите потенцијални засилувања за ова лето кои би можеле да го
носат дресот со број „9“ за идната сезона, односно да бидат први опции во
нападот на тимот од Милано.
Третата,
веројатно и последна шанса од поголемите имиња кои се на списокот на желби на
овој тим, Милан го гледа во Андреа Белоти.
Сепак, вреди да
се напомене дека претседателот на Торино, Урбано Каиро соопшти дека нема намера
да го продава својот напаѓач освен во случај некои од заинтересираните клубови
да понуди 100 милиони евра, онолку колку што изнесува откупната клаузула за
него.
За услугите на
Белоти истовремено заинтересирани се Арсенал и Манчестер јунајтед.