Вредноста на
Нејмар од утре нема да биде иста како неговата цена денес, па така Бразилецот
ќе вреди многу повеќе за сите клубови заинтересирани за неговите услови.
Ова доаѓа по
договорот кој го потпиша Нејмар со Барселона со важност до 2021. година, во истиот има детаљ кој вели дека
неговата клаузула ќе расте во првата, втората и последните три години од
договорот, по што следи нова откупна клаузула во истиот договор која ќе има
важност почнувајќи од утре.
Клаузулата на
Нејмар во договорот со Барселона најнапред изнесуваше 190 милиони евра, за
потоа да се искачи на 200 (минатата сезона). Следната сезона ќе биде втора гледајќи во однос на новиот договор кој беше потпишан лани во октомври, па така откупната клаузула за Нејмар, почнувајќи од утре ќе изнесува 222 милиони евра.
Она што е интересно, во последните три години
од договорот на Нејмар со Баселона, неговата откупна клаузула ќе изнесува ни
помалку, ни повеќе, туку цели 250 милиони евра.