На дуелот со
Каљари во неделата, најжешките навивачи на Лацио беа смесни на „Курва Суд“,
трибината која и припања на Рома бидејќи „Курва Норд“ беше затворена поради
расистички навреди.
Ултрасите на
Лацио сега креираа нов голем скандал откако на стадионот беа залепени сликички
со Ана Франк, малото девојче кое е симбол на жртвите во Холохаустот, во дресот
на Рома.
Помеѓу двата
табора навивачи често имало провокации, но последните анти-семистички пораки ја
прелија чашата, па Лацио мораше да интервенира.
Првиот човек на
клубот, Клаудио Лотито денес беше во посета на синагога во Рим, од каде што
порача дека ќе бидат покренати неколку иницијативи, помеѓу кои и организирана
посета на најголемиот нацистички концентрационен логор.
„Тука сме за да
покажаме дека сме против секоја форма на ксенофобија и анти-семитизам” – рече
Лотито. „Најголемиот дел од фановите на Лацио го делат ова мислење”.
„Ќе покренеме
неколку иницијативи за да ги отстраниме ваквите инциденти. Играчите ќе
посетуваат училишта и ќе едуцираат за правилаа, и како младите луѓе да се
справат со социјалните, расните и финасиските бариери”.
„Исто така, можам
да соопштам дека Лацио во иднина, секоја година ќе организра посета на Аушфиц
од страна на 200 навивачи, за да ги едуцираме и да се погрижиме дека одредени
епизоди нема да бидат заборавени”.
Подоцна, на прес
конференцијата на тренерот Симоне Инзаги, портпаролот на клубот откри дека
играчите на загревањето пред дуелот со Болоња ќе носат маички со ликот на Ана
Франк.
Во целиот случај
се замеша и Фудбалската федерација на Италија, која наради пред почетокот на
сите натпревари од следното коло да се читаат делови од дневникот на Ана Франк.