Поругалија без Роналдо израмни рекорд, двајца постигнаа хет-трик (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Португалската репрезентација денеска им одржа вистинска фудбалска лекција на Ерменците, кои си заминаа од Порто со тежок пораз од 9:1, резултат што најдобро ја отсликува доминацијата на домаќините и нивната реакција по неуспехот против Ирска во минатото коло.

Сè започна со раниот гол на Веига во осмата минута, Ерменија накратко донее неизвесност кога Спертсјан израмни на 1:1 во 18. минута, сепак тоа беше се од нив во овој натпревар.

До полувремето Португалија веќе водеше со убедливи 5:1, Жоао Невеш беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Рамош и Фернандеш од белата точка. Шоуто продолжи и по паузата: Бруно Фернандеш веднаш постигна нов погодок, а во 72. минута реализираше уште еден пенал и стигна до својот хет-трик.

Хет-трик запиша и Невеш, кој на десет минути до крајот го зголеми водството на 8:1, додека Консеисао ги постави конечните 9-1 во последните момеенти.

Кристијано Роналдо го пропушти дуелот поради суспензијата заработена на мечот со Ирска. Со оваа убедлива победа, Португалија го израмни сопствениот рекорд за најмногу голови на еден натпревар, забележани против Луксембург (9:0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×