Неверојатен крај доживеа дербито меѓу Порто и Спортинг (1-1) на „Драгао“ во 21. коло на португалската Примеира лига.
Водеше гостинската екипа со голот на Иван Фреснеда од првиот дел, а израмнувањето стигна во четвртата дополнителна минута преку Дани Намасо. Тоа ги крена тензиите и играчите на Спортинг беа лути, но тргнаа по победата.
Неверојатна ситуација се случи пред крајот, Хјулманд и Матеус Реис прво добија жолти картони за приговор и Спортинг требаше да изведе корнер. Наместо тоа, Матеус влезе во дуел со противнички играч и судијата Пињеиро без размислување му го покажа патот кон соблекувалната. Лутиот играч на Спортинг негодуваше, па замина од теренот, а тоа не беше крај на хаосот.
Осман Диоманде исто така доби црвен картон во осмата дополнителна минута, исто така пред изведување на корнерот. Тој беше во дуел со Фабио Виеира, користеше раце и со глава го турна ривалот. Асот на Порто исценира дека е сериозно удрен и судијата веднаш без размислување го исклучи Диоманде.
Видеото од крајот на дербито погледнете го на ОВОЈ линк.