Португалскиот селектор го правда Роналдо: Дефанзивецот драматично падна!

by 24 фудбал
1 минути читање

Португалија го напушти Даблин со пораз и со многу нервоза по квалификацискиот натпревар за следниот Мундијал. Домашната селекција славеше со 2-0 благодарение на двата гола на Трој Паро во првото полувреме.

Кристијано Роналдо беше испратен во соблекувалната со директен црвен картон, а селекторот Роберто Мартинез веднаш застана во одбрана на својот капитен. Роналдо во еден момент реагираше лошо во дуел со ирски дефанзивец и ВАР собата тоа го санкционираше со црвен картон. Мартинез смета дека ситуацијата изгледала пострашно отколку што навистина била.

Главната причина зошто Кристијано доби црвен картон е неговата огромна страст и фрустрација кога не победува, а тоа го сакаме од сите играчи. Потоа, многу е тешко за централен напаѓач во шеснаесетникот кога чуварите постојано го влечат. И потоа, селекторот на Ирска се обидува да изврши притисок врз судијата, чуварот кој е многу силен паѓа на теренот со многу драма. Мислам дека снимката изгледа полошо од она што всушност го направи.

Беше тешко, тој се грижи за тимот, беше влечен и турнат многу пати, а кога се обиде да се оддалечи од играчот направи потег кој според мене не беше толку лош како што покажуваат камерите. Вчера нивниот тренер рече дека Роналдо се обидува да влијае на судиите, а потоа нивниот силен стопер заврши на земја во толку многу драма… Сега сакаме да го добиеме следниот натпревар поради Роналдо“ рече Мартинез.

Роналдо остана шокиран од одлуката и со неверување го напушти теренот. Дополнително беше испровоциран од реакцијата на домашните навивачи кои го исвиркаа и му скандираа „Меси Меси“ додека излегуваше од игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×