123
Кристијано Роналдо уште еднаш се покажа како клучен за Португалија, ЦР7 и донесе на својата репрезентација триумф над Русија.
Во 8. минута од средбата, Роналдо реагираше одлично на нафрлената топка од Гереиро и го матираше Акинфеев за 0-1.
Португалија потоа имаше уште неколку шанси, но голманот на Русија не дозволи неговата мрежа одново да биде затресена.
Домаќините притиснаа во вториот дел, имаа иницијатива, но не се заканија посериозно по голот на Португалија.