Португалија е навикната да игра баражи, досега успешно се справувала со последните пречки, се надеваме дека вечерва нема да биде така.
Првиот бараж Португалија го играше за пласман на Светското првенство во Јужна Африка 2010, тогаш двапати ја победи Босна и Херцеговина со 1-0.
Четири години подоцна играа бараж за пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година. И тогаш ги добија и двата дуели, противник им беше Шведска, прво славеа со 1-0, а реваншот го добија со 3-2 и со вкупни 4-2 се пласираа на Мундијалот.
Овој пат баражот е во поинаков формат иако и сега треба да се одиграат два натпревари за да се стигне до целта.
Португалија ја победи Турција со 3-2, рековме дека по двапати славеше над БиХ и Шведска, тоа значи дека имаат пет триумфи на исто толку одиграни натпревари во баражите. Нивната 100 процентна успешност не е само на поминување на баражите, туку и на победување на натпреварите во нив.
Португалија и овојпат е голем фаворит, ние ќе ја имаме задачата да им ја срушиме традицијата на успешност во овие дуели.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.