По ремито против Шпанија, Португалија денеска дојде до првата победа на Светското првенство во Русија, повторно главната улога ја имаше Кристијано Роналдо.
Ѕвездата на Реал Мадрид постигна гол уште во четвртата минута, погоди со глава по асистенција од Мутињо за водство од 1-0, а тоа беше и единствениот гол на натпреварот.
Ова беше четвртиот гол на Португалија на Светското првенство и четврти погодок на Кристијано Роналдо.
Во продолжението од натпреварот Португалците не блескаа, Мароко во голем дел од натпреварот беше и подобар противник, се обидуваше да дојде до изедначување но не успеја.
Во второто полувреме Мароко имаше 4-5 идеални шанси за изедначување и можат да жалат за овој втор несреќен пораз.
На крајот Португалија се радуваше на победата, можеби и незаслужено, но искуството си го направи своето.
Во третото коло Португалија против Иран треба да го завери пласманот во осминафиналето, а Мароко ќе игра против Шпанија.