Данска со предност од 1-0 ја почна вечерашната пресметка со Португалија, но по 120 минути игра Португалците победија со 5-2 и се пласираа во полуфиналето од Лигата на нации.
Мечот почна возбудливо, во шестата минута Роналдо не реализираше пенал, Шмајхел го одбрани неговиот удар.
Во 38. минута Андерсен си даде автогол за водство на Португалија од 1-0, но по десет минути игра во вториот дел Кристенсен даде гол за 1-1.
Течеше 72. минута кога Роналдо даде гол искупувајќи се за промашениот пенал и донесе водство на Португалија од 2-1. Во овој момент конечниот резултат беше изедначен.
Само четири минути подоцна Ериксен реализираше за 2-2, но во 86. минута Тринкао даде гол за водство на Португалија од 3-2. Тоа беше и конечниот резултат по кој се отиде во продолженија.
На самиот почеток од продолженијата Тринкао даде гол за 4-2, а Рамош во 115. минута погоди за конечни 5-2.
Португалија во полуфиналето од Лигата на нации ќе игра против Германија.