202
Кристијано Роналдо поради суспензија не беше дел од денешниот натпревар на Португалија, но неговите сонародници немаа проблем да ги освојат трите бода во Азербејџан.
По убава асистенција на Бруно Фернандеш, Бернардо Силва во 26. минута го отвори резултатот.
Пет минути подоцна Жота додаде до Андре Силва кој реализираше за 2-0, а на 15 минути до крајот и самиот Жота се запиша во листата на стрелци за конечни 3-0.