Португалците го прогласија Кристијано Роналдо за најдобар на сите времиња!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо доби ново големо признание во татковината. Капитенот на Португалија и ѕвездата на Ал Наср е прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во својата земја.

Наградата „најдобар на сите времиња“ му ја додели Фудбалската лига на Португалија. Во образложението беше наведено дека Роналдо е идол на милиони луѓе и дека обележал цела една ера во светскиот фудбал.

Португалецот не присуствуваше на свеченоста, но се обрати со видео порака. „Благодарен сум на сите соиграчи кои ми помогнаа низ кариерата и на тренерите кои секогаш ме правеа подобар“, порача Роналдо.

Со 223 настапи и 141 гол, Роналдо е светски рекордер по број на мечеви и голови за една репрезентација. Последниот гол го постигна пред два дена против Унгарија во победата од 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×