Порто доби скандалозен пенал, па Бенфика се бунеше на своите социјални мрежи! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во португалското првенство синоќа Порто доби подарок пенал, одлуката беше дотоколку скандалозна што Бенфика го објави и на своите социјални мрежи.

Порто играше со Ароука, победи со 3-1, но доколку не беше пеналот, голема беше веројатноста мечот да заврши 1-1.

Резултатот беше 1-1 кога во 87. минута беше досуден пенал за Порто. Фудбалерот ја промаши топката, имаше контакт со противничкиот фудбалер, но играчот на Порто го иницираше. Сепак тоа не му пречеше на судијата да покаже на белата точка.

Мешаницата која се случи по протестите на гостите пеналот беше изведен во 91. минута, Вилијам Гомеш погоди за 2-1, а во 98. минута Мофи ги постави конечните 3-1.

Пеналот беше хит на социјалните мрежи, а одлуката дотколку скандалозна што Бенфика ја постираше на социјалните мрежи иако тие не беа дел од натпреварот. Сепак сакаа да покажат каква помош добива нивниот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×